Истополовите бракови мора да бидат признати низ цела ЕУ, одлучи Европскиот суд на правдата

Сподели со своите пријатели

Судот на правдата на Европската Унија (ЕСП) пресуди дека земјите-членки на ЕУ мора да признаат брак меѓу граѓани од ист пол кој е законски склучен во друга земја-членка.

Одлуката е донесена во контекст на спор со Полска, која не призна брак меѓу двајца полски државјани склучен во Германија, наведувајќи дека полскиот закон не дозволува истополови бракови, објави Ројтерс.

„Одбивањето да се признае брак меѓу двајца граѓани на Унијата го крши правото на ЕУ бидејќи ја нарушува слободата на движење и правото на почитување на приватниот и семејниот живот“, нагласи судот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Предупредување од ОН: Опстанокот на Појасот Газа е доведен во прашање