Кина денес го лансираше вселенскиот брод Шенжоу-22 од Центарот за лансирање сателити Џиучен на северозападниот дел од земјата, успешно завршувајќи ја првата мисија за итно лансирање во рамките на програмата за вселенски летови со екипаж.
Околу 10 минути по лансирањето, вселенскиот брод се одвои од ракетата и влезе во својата назначена орбита, а Кинеската администрација за вселенски летови со екипаж (CMSA) ја прогласи мисијата за лансирање за целосен успех, јавува Синхуа.
Вселенскиот брод, кој лета без екипаж, носи залихи од храна, медицински материјали, како и уреди за поправка на напукнат прозорец на вселенскиот брод Шенжоу-20.
Шенжоу-22 автономно ќе изврши брзо средување и пристанување во комплексот на вселенската станица.
Овој вселенски брод подоцна ќе служи како возило за враќање за трите астронаути Шенжоу-21 кои моментално се во орбитата.
Нивниот вселенски брод мораше да се врати на Земјата шест месеци порано од планираното, откако друг вселенски брод закотвен на станицата претрпе штета, јавува Танјуг.

