Хаос во Албанија: Илјада домови поплавени, едно лице загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По обилните дождови што ја погодија Албанија, околу илјада домови и над 1.500 хектари земјоделско земјиште беа поплавени, стотици семејства беа евакуирани, мостови беа оштетени, а регистрирана е и една жртва.

Регионите Лежа, Пешкопеја, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастро и Валона беа најпогодени од поплавите, каде што високите речни текови и обилните дождови предизвикаа бројни тешкотии на терен.

 

 

„Немаме масовни евакуации, туку само привремени во неколку општини, а 52 семејства беа евакуирани во Валона, 18 семејства во регионот Корча и неколку семејства во други делови од земјата“, изјави Венгу, министерот за одбрана Пиро Венгу од Мобилниот центар за цивилни вонредни ситуации при Националната агенција за цивилни вонредни ситуации.

Според него, 600 домови беа поплавени во Лежа, 300 во Корча, 52 во Валона и 25 во Фиер.

Една жртва од поплава е регистрирана и во село во близина на Девола, а покрај тоа, оштетени се околу 20 мостови, од кои некои ќе треба целосно да се обноват, рече Венгу, додавајќи дека управувањето со каскадата на Дрим, каде што се наоѓаат трите најважни хидроелектрани, е клучно за избегнување на потенцијално катастрофална ситуација во Скадар.

 

 

Припадници на албанската армија се исто така на терен и активно се вклучени во операциите за спасување и евакуација, дистрибуција на храна и зајакнување на насипи и брани, рече албанскиот министер за одбрана.