Отворена изложбата „Фото салон Куманово 2025“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово вчеравечер беше отворено 19-то издание на најстарата меѓународна изложба на уметничка фотографија во Македонија – „Фото салон Куманово 2025“.

 

 

Настанот традиционално го организира Фото кино клуб „Козјак“, член на Фото сојузот на Македонија, со поддршка од Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.

 

 

Изложбата ја отвори претседателот на клубот, Милош Нешковски, кој истакна задоволство од големиот интерес и бројноста на пријавени уметнички фотографии, што уште еднаш го потврдува значењето на „Фото салон Куманово“ како препознатлива фотографска манифестација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три метео аларми денеска за Куманово: До кога ќе траат врнежите?

 

 

На годинашното издание учествуваа 127 автори од 12 земји, претставувајќи дела на слободна тема.

Жирито во состав: Радисав Филиповиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија), Борис Божиќ (Австрија), Неда Рачки (Хрватска) и Боро Рудиќ (Македонија), додели вкупно 18 награди – девет медали и девет дипломи.

 

 

За најдобар автор на изложбата беше прогласен Олег Маловитски од Украина.

Настанот го проследија претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општина Куманово, кои дадоа поддршка на оваа значајна културна манифестација.

 

Никола Ивановски