Дете од Куманово завршило во Ургентен, откако испило повеќе таблети

Сподели со своите пријатели

Четиригодишно дете рано утринава било примено во Ургентниот центар во Куманово откако дома испило повеќе таблети.

– Ноќеска (20.11.2025) во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Срце за Куманово” – празничен концерт на учениците од музичкото училиште (ФОТО)