Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во длабока шахта

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите од Општина Старо Нагоричане вчера биле во акција за спасување на куче кое паднало во длабока шахта.

Како што информираат од ТППЕ Старо Нагоричане, кучето паднало во длабока шахта во основното училиште во сеото Младо Нагоричане, по што вработените ги повикале да интервенираат.

– На ден 20.11.2025година во 10:00часот во основното училиште во с.Младо Нагоричане(маала Ѓорговци) по повик од вработени во училиштето за паднато куче во длабока шахта,ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари до 11:00часот, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструирана дневната болница во Детското одделение во Куманово (ВИДЕО)