Гимнастичарите на „Атлета“ Куманово со освоени 14 медали на државниот натпревар

Сподели со своите пријатели

Гимнастичарите од Спортскиот клуб „Атлета“ Куманово продолжуваат да го докажуваат својот квалитет, враќајќи се со одлични резултати од Државниот натпревар во А и Б програма во машка и женска конкуренција, кој викендов се одржа во Скопје.

Во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата држава, кумановските млади спортисти освоија вкупно 14 медали, што претставува уште еден значаен успех за клубот.

Клубот настапи со 28 гимнастичари — 13 во машка и 15 во женска конкуренција — кои со прецизност, дисциплина и спортски дух се изборија за високи пласмани.

Во А-програма, во поединечна конкуренција, Калин Илијевски го освои второто место кај постарите пионери, додека Бојан Христовски и Даме Јаневски се изборија за второ и трето место кај помладите пионери. Тимот составен од Милош Јовановиќ и Калин Илијевски освои второ место во екипна конкуренција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пчиња нарасна еден метар и се излеа во Пелинце и Стрновац (ФОТО)

 

 

Во Б-програма, Јаков Стојановски се закити со злато кај постарите пионери, додека Михаил Додевски и Георгиј Мартиновски го комплетираа пласманот со второ и трето место. Кај помладите пионери, Илијан Стојановски се врати со бронзен медал.

Екипно, најмладите до 9 години — Алексеј Станковски, Илијан Стојановски, Лазар Ѓоргиевски, Симон Петковски, Урош Радевски и Ангел Трајковски — освоија убедливо прво место.

 

 

Во Б-програма, кај помладите пионерки, Инес Мишевска го освои второто место. Кај најмладите до 7 години блесна Кирјана Крстевска со прво место, додека Анисија Станојковска се пласираше втора.

Екипата на постарите пионерки — Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Ања Ристевска, Ива Тодоровска и Лана Богдановиќ — освои второ место, додека најмладата екипа до 7 години, во состав: Кирјана Крстевска, Анисија Станојковска, Софија Цеков, Софија Николовска, Изабела Цветковиќ и Леона Попов, се закити со злато.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожарникарите спасија две лица од надојдените води на Пчиња (ФОТО)

 

 

Тренерот Филип Миленковски оцени дека успехот е голема мотивација за клубот и за младите спортисти.

„Овој резултат ни дава дополнителна самодоверба и мотивација за нови предизвици. Целта ни е да продолжиме да растеме и да создадеме генерации успешни и среќни млади спортисти,“ изјави Миленковски.

Тој упати и иницијатива до Општина Куманово да се изнајде решение за изградба или адаптација на простор наменет за гимнастичка сала, нагласувајќи дека таква инвестиција би придонела за развојот на спортот и би донела долгорочни бенефити за целата заедница.

Никола Ивановски