Приведени четири лица во Куманово кои питачеле со своите деца

Сподели со своите пријатели

Четири лица биле приведени вчера во Куманово поради откако биле забележани како питачат со своите малолетни деца.

– На 16.11.2025, врз основа на претходно изготвен план, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.А.(28), Т.Џ.(42) и С.Б.(33), сите од Куманово и С.С.(27) од Скопје затоа што тие биле забележани како питачат со нивните малолетни деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Против нив, како што додаваат од полицијата, ќе бидат поднесени кривични пријави за „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Донација од SEEBRIG за детската градинка „Ангел Шајче“ (ФОТО)

Никола Ивановски