10.210 сообраќајни прекршоци до сега во месец ноември

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 до 16 ноември 2025 година, полициските службеници реализирале редовни сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што биле издадени вкупно 10.210 платни налози.

Од нив, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Во рамки на контролните активности, лишени од слобода за безобзирно управување возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 поради возење под дејство на алкохол, едно поради возење во забранет правец, 11 поради возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а шест поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пообилни врнежи и засилен ветер

Од почетокот на месецот досега, евидентирани се 2.717 прекршоци за неправилно паркирање, изречени се 1.039 мерки за управување возило без возачка дозвола, како и 300 санкции за возење под дејство на алкохол.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 42 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 282 пешаци и четири возачи на електрични тротинети, а санкции добиле и 546 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

Покрај тоа, согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 252 возила поради нерегистрираност и 55 поради техничка неисправност, а санкционирани биле 52 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени четири лица во Куманово кои питачеле со своите деца

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, при што се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта во државата.

Никола Ивановски