ФСБ: Спречен обид за атентат врз висок владин функционер на гробишта во Москва

Сподели со своите пријатели

Руската Федерална служба за безбедност тврди дека спречила атентат врз висок руски владин функционер во Москва, кој го планирале украинските разузнавачки служби.

Уапсени се тројца соучесници во заговорот, руски сопружници и мигрант од централноазиска земја, објави Центарот за односи со јавноста на ФСБ, пренесува ТАСС.

Нападот бил планиран на гробиштата Троекуровски во Москва, на гробот на роднина на овој висок руски владин функционер, а осомничените користеле видеокамера скриена во вазна со цвеќе, според соопштението, пренесува Танјуг.

Како што прецизира ФСБ, „за да го подготват атентатот врз владин функционер, украинските специјални служби регрутирале нелегален мигрант од централноазискиот регион и двајца претходно осудени наркомани на руски државјани, како и Жалолидин Курбанович Шамсов, роден во 1979 година, кој живее во Киев и е баран од руските власти за убиство и нелегална трговија со оружје“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гори руски нафтен терминал на Црното Море: Украинците го бомбардираа со дронови (ВИДЕО)

Запленети се комуникациски уреди, кои откриваат преписка меѓу притворените лица и украински разузнавач на WhatsApp и Signal, потврдувајќи го планот за атентат, како и камера за надзор скриена во вазна за цвеќе со далечинско управување и можност за пренос на податоци во странство, која била користена во подготовката на терористичкиот напад, соопшти ФСБ.

Нелегален имигрант и осомничени Руси се приведени во Москва.

ФСБ не откри кого осомничените планирале да убијат, но рече дека има информации за подготовка на слични кривични дела во други региони на Руската Федерација, соопшти агенцијата.