Во петок ќе се конституира Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово во петок се очекува да ја одржи првата конститутивна седница по одржаните локални избори годинава.

Седницата е закажана за во 13 часот во кружната сала на поранешен комитет, а на дневен ред ќе се најдат пет точки.

Откако ќе биде избран претседателот на верификационата комисија и нивните членови, ќе следува верификација на мандадите на новите советници, по што истите ќе треба да дадат и потпишат свечена изјава дека ќе работат во интерес на граѓаните согласно Уставот и законите.

Потоа ќе се избере претседател и членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обид за измама на четири повозрасни жени во Куманово

Како чеврта и важна точка ќе биде изборот на нов претседател на Советот на Општина Куманово.

За тоа кој ќе биде претседател засега нема потврда од политичките кругови. Градоначалникот Максим Димитриевски, чија партија има најмногу советнички места, најави коалиција со партнерите од централната власт, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, но не сакаше да открие кој ќе биде првиот меѓу еднаквите.

Како што потенцираше немало предизборни договори на таа тема и тоа ќе се дискутира дури деновиве.

– Немало никакви договори во однос на распределба на места во предизборниот период, ниту пак предизборни коалиции, имаше отворени поддршки од страна на ЗНАМ кон кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, воедно и на ВЛЕН, а исто така јас како кандидат на ЗНАМ ја добив поддршката од нашите партнери на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и немало такви преговори и разговори, тоа ќе се случува во следните денови. Кој ќе биде следниот претседател на Советот ќе видиме на самата конститутивна седница на Советот, изјави градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе делови на Куманово

Откако ќе биде избран новиот претседател, ќе се предложат и членови од Советот кои ќе  учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово.

Никола Ивановски