Вечерва се отвора изложбата „Кумановски ликовни умеетници 2025“

Сподели со своите пријатели

Во чест на одбележување на Денот на ослободувањето на Куманово – 11 Ноември, на 10 ноември, од 19:30 часот во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј-Куманово, ќе се отвори традиционаланта ликовна изложба на дела „Кумановски ликовни умеетници 2025“.

Ова е нејзиното 69 издание на кое ќе се претстават творци кои живеат и работат во Куманово. Изложбата има долга традицијата која започнува од првото групно излагање на кумановките ликовни уметници во 1956 година, па се до ден денеска, која има за цел што поширока презентација на ликовни автори значајни за моделацијата на кумановската ликовна сцена и пошироко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја утре поголем дел од Куманово

Таа ги обединува сите академски ликовни уметници од градот и претставува пресек на ликовната уметност од различни генерации ликовни творци, од најмладите самошто дипломирани, до зрели автори, двигатели на ликовните текови во Куманово и современата македонска сцена.

Изложбата финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на РС Македонија и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Автор и куратор на проектот е Драгана Спасковска, кустос советник, историчар на уметност.

Оваа година продукцијата опфаќа 23 академски ликовни автори од Куманово, кои на изложбата ќе се претстават со по едно ликовно дело по сопствен избор и слободна тематика.

Учество зедоа: Синиша Кашавелски, Марина Цветановска Мартиновска, Далибор Крстевски, Ана Јовановска,  Дарко Трајковски, Мирослава Цветковиќ, Валентина Илијевска, Ања Стојадиновска, Мухамет Идризи, Игор Андреиќ, Дејан Божиновски, Марија Величковска, Александар Симоновиќ, Акиме Насуфи Реџепи, Дејвид Стоилковски, Александар Стефанвски, Мухамедали Алили, Стефан Анчевски, Вања Кашавелска, Гоце Божурски, Наташа Петковска, Кристина Божурска и Трајан Трајковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Уште денес дожд, а потоа постудени утра

Оваа групна изложба содржи дела со логично хетерогена и автентична ликовна стратиграфија на авторите учесници.

На свеченото отворање ќе можат да се видат дела изработени во различни ликовни дисциплини на сликарството, графиката и скулптурата, изработени во повеќе ликовни техники (масло, акрил и комбинираи техника на платно), како и други форми на ликовен израз: инсталации и видео арт.

За љубителите на уметноста изложбата ќе биде отворена до 20 ноември 2025 година.

Интегрално соопштение