Тројца приведени во Куманово, го нарушиле јавниот ред и мир, оштетно и возило

Сподели со своите пријатели

Три лица биле приведени од полицијата поради нарушување на јавниот ред и мир во Куманово, а бил оштетен и еден автомобил.

– На 07.11.2025 година во 23.30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.К.(41), И.В.(35) од Куманово и А.К.(29) од село Лопате кумановско, затоа што на улицата „Гоце Делчев” во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, И.В. со метален предмет му го оштетил возилото на А.К. (41) кој му се заканувал со остар предмет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Самоубиството не е решение: Психологот Милевска апелира на поголема грижа за менталното здравје (ВИДЕО)

Тие биле приведени во полициска станица и, како што стои во соопштението, по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски