МКК Куманово денеска гостува во Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на гостински терен ќе ги одмерат силите со КК Гостивар во рамки на домашниот шампионат.

По минатонеделниот пораз од МЗТ, што беше прв сезонава за избраниците на Марин Докузовски, вечерва од 18 часот кумановци ќе се обидат да се вратат на победничката патека.

Од досега одиграните натпревари МКК Куманово со 9 бодови е на третата позиција во табелата, додека гостиварци се на 9та со шест бодови.

Натпреварот може вечерва во живо да го следите на линкот подолу:

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов паркинг и клима уреди во Општа болница Куманово