Триесет и петгодишна кумановка била приведена вчера откако полицијата констатирала дека возела двојно над дозволената брзина.
– На 05.11.2025 во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода И.А.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
– По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски

