Им служеше на сите Ким претседатели: Во Северна Кореја почина церемонијалниот шеф

Сподели со своите пријатели

Ким Џонг Нам, долгогодишен церемонијален шеф на државата на Северна Кореја, почина на 97-годишна возраст, објави денес Севернокорејската централна новинска агенција (KCNA).

Ким беше претседател на Врховното народно собрание на Пјонгјанг од 1998 до 2019 година.

Иако не беше член на семејството Ким, тој служеше под три генерации лидери – Ким Ил Сунг, Ким Џонг Ил и Ким Џонг Ун.

KCNA го опиша како „револуционер од старата генерација кој постигна извонредни достигнувања во историјата на развојот на партијата и земјата“.

За него беше одржан државен погреб.

Ким Џонг Нам е роден во периодот на јапонското колонијално владеење на Корејскиот Полуостров.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали Њујорк ќе го добие својот прв градоначалник муслиман?

Студирал во Пјонгјанг и Москва и ја започнал својата кариера во 1950-тите, издигнувајќи се од низок партиски функционер до министер за надворешни работи и претседател на парламентот.

Иако немал вистинска политичка моќ, тој често бил лицето на Северна Кореја на меѓународната сцена.

Тој предводеше делегација на Зимските олимписки игри во 2018 година во Јужна Кореја и се сретна со неколку јужнокорејски претседатели, вклучувајќи ги Ким Де-џунг и Ро Му-хјун.

Ким се пензионираше во април 2019 година.