Северна Кореја испали десет ракети за време на посетата на американскиот министер за војна

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја испали околу 10 гранати од својот систем за фрлање ракети со повеќе цевки, што се совпадна со посетата на министрите за одбрана на Јужна Кореја и САД, Ан Гју Бек и Пит Хегсет, на демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, објави денес јужнокорејската војска.

Пјонгјанг лансираше ракети кон водите на Жолтото Море околу 16 часот по локално време во понеделник, соопшти Генералштабот во Сеул, додавајќи дека е во тек анализа на тестот на оружјето, објави Јонхап.

Лансирањето се случи помалку од еден час пред американскиот министер за одбрана Пит Хегсет да пристигне во кампот Бонифас, јужно од Заедничката безбедносна зона, за заедничка посета на границата со јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Oсвои Нобелова награда за мир, а сега го повикува Трамп да ја бомбардира Венецуела

Јужнокорејската војска потврди дека Северна Кореја, исто така, испалила уште 10 артилериски ракетни гранати околу 15 часот.

Во сабота, јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг и кинескиот претседател Си Џинпинг одржаа самит во југоисточниот град Гјеонгџу на маргините на состанокот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Лансирањата на Северна Кореја со повеќе ракетни лансери не ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, забележа Јонхап.

Во октомври, Северна Кореја испали повеќе балистички ракети со краток дострел, само околу една недела пред закажаната посета на Јужна Кореја на американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на АПЕК, според јужнокорејската новинска агенција.