ПРЕСЕК 18:30: Колку кумановци гласаа половина час пред финишот?

Сподели со своите пријатели

Заклучно 18:30 часот во општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 33,43% од гласачите, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците се базираат на обработени 80,24 отсто од избирачките места.

Споредено со излезноста во исто време со првиот круг, се бележи големо намалување бидејќи тогаш до 18:30 часот своето право на глас го оствариле 45,76% од гласачите.

Во споредба со вториот круг од локалните избори во 2021 е значително намалување. Тогаш гласале 48,97 одсто од гласачите до 18:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: На Куманово и на Македонија им се потребни слога, соживот и разбирање (ВИДЕО)

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.

Никола Ивановски