ОРБАН: Предлогот на Брисел 20 проценти од буџетот да оди во Украина е пат кон пропаст

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека предлогот на Брисел 20 проценти од следниот буџет на Европската Унија да се додели на Украина е „пат кон пропаст“.

Тој на својот профил на мрежата „X“ појасни дека Брисел нема свои пари, туку ги користи парите на земјите-членки за финансирање на војната во Украина.

„Се предлага повеќе од 20 проценти од следниот буџет на ЕУ да оди во Украина додека европската економија е во големи проблеми.

Финансирањето на војната со зголемување на долгот и даноците не е стратегија, туку пат кон пропаст. Време е за мир, време е да се обнови Европа“, нагласи Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинските сили нападнаа манастир во Донецк - убиени свештеник и калуѓерка