ЖРК Куманово утре го пречекува Пелистер

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на ЖРК Пелистер во рамки на Супер женската ракометна лига.

И двете екипи досега имаат впишано по една победа од досега одиграните шест кола, но кумановки се во предност на табелата бидејќи имаат и еден нерешен резултат, додека Пелистер има пет порази.

Утрешниот меч се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 12 часот, а влезот е бесплатен.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Македонија – Јапонија утре во Спортска сала Куманово