„Кениската управа за цивилно воздухопловство (KCAA) сака да потврди дека авионот, со регистрациски број 5Y-CCA, кој летал на линијата Дијани – Кичва Темба, се урна во 05:30 часот по централноафриканско време“, се вели во соопштението на KCAA, пренесува Ројтерс.
Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и работат на утврдување на причината за падот и можниот број на жртви.
Повеќе детали за состојбата на патниците и екипажот ќе бидат познати по завршувањето на истрагата, соопшти кениската управа за воздухопловство.
Не е познато дали има преживеани.
Властите не беа во можност да стапат во контакт со 12 патници.

