МКК Куманово го пречекува Феникс. Повторно пред празни трибини!

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен го пречекуваат составот на Феникс со почеток во 20 часот.

Мечот ќе се игра во Спортската сала Куманово, но и овој пат без публика на трибините поради казна која „се провлекува“ уште од минатата сезона.

И првиот меч дома, избраниците на Марин Докузовски го играа без публика. Тогаш го совладаа тимот на КК Маџари со резултат 82:76.

Досега кумановци имаат две победи од исто толку натпревари, додека Феникс една победа и еден пораз.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девизи и гел за нокти запленети на ГП Табановце