94.041 лице во Куманово со право на глас, во сабота гласаат болни, немоќни и затвореници

Сподели со своите пријатели

Вкупно 94.041 лица во Куманово ќе имаат право на глас на претстојните локални избори кои ќе се одржат во недела, 19ти октомври, покажува списокот објавен од Државната изборна комисија.

И годинава, Куманово ќе биде општина со најголем број гласачи.

Изборниот молк започнува во петок на полноќ, а веќе во сабота започнува изборниот процес и право на глас тој ден имаат болни и немоќни лица, како и затвореници.

Како што информираше Кристина Цветковска, претседател на Општинска изборна комисија Куманово, 199 болни и немоќни лица поднеле барање за гласање во домашни услови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Превезувале огревно дрво без лиценца, приведени две лица во кумановско

– 199 барања беа поднесени за гласање на болни и немоќни лица. Од нив 166 се прифатени и тие ќе го остварат правото на глас во сабота, а 33 се отфрлени, изјави таа.

Гласање во сабота ќе се реализира и во Казнено поправната установа Затвор Куманово во селото К’шање, каде правото на глас ќе можат да го остварат 116 лица.

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ исто така ќе се спроведува гласање, каде има вкупно 58 пријавени гласачи.

Граѓаните на Куманово ќе можат да гласаат за еден од седумте кандидати за градоначалници, како и за 14 листи со кандидати за советници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановскиот ФИЛМАЈ фестивал првпат есенски во Скопје

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите ќе се одржи на 19 октомври, додека вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2 ноември.

Никола Ивановски