Куманово ќе добие младински центар, нови спортски и креативни зони, најави Тренчевска (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Студентите и младите се иднината на Куманово. Тие носат нова енергија, идеи и визија за подобро утре. Општината е нивен пријател, сојузник и партнер на патот кон знаењето и успехот,“ порача кандидатката за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово, Тамара Тренчевска, на денешната прес-конференција посветена на младите и студентите.

„Тоа го правиме преку поддршка во образованието, создавање можности за практично искуство, културен и спортски развој, како и охрабрување на нивното претприемништво и иновативност. Со вложување во младите, вложуваме во поразвиена локална економија, модерно и европско Куманово — град каде младите имаат причина да останат и да ја градат својата иднина,“ додаде Тренчевска.

 

 

Таа најави низа проекти насочени кон подобрување на условите во образованието и создавање современи простори за развој на младинската енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Не може креаторите на сите проблеми во Куманово сега да бидат негови спасувачи

Меѓу најзначајните се подобрувањето и проширувањето на капацитетите во сите постојни општински образовни објекти, гасификација и зголемување на енергетската ефикасност на училиштата, како и уредување на училишните дворови со спортски терени и „училници на отворено“.

Особено внимание ќе се посвети на создавање нови јавни простори за младите.

„Планираме технолошки и интеркултурен центар во целосно реконструиран ‘Дом на пионери – 29 Ноември’, како простор за културна размена и развој на вештини, со мултимедијална сала за филмови, презентации, јавни настани, семинари, дебати и обуки, како и центар за целодневен престој за деца,“ изјави Тренчевска.

Таа најави и формирање Младински центар во објектот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, како и нови спортско-рекреативни комплекси, паркови, велосипедски и трим-патеки и street workout зони за здрав животен стил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец останал без 18.000 евра при измама за купување градежни машини

Во рамки на новиот парк во село Проевце ќе се изгради и адреналински парк, а ќе се поддржат и младински претприемачки иницијативи преку стартап-инкубатори, обуки и програма за финансиска поддршка на студентски проекти.

Покрај тоа, Тренчевска најави и создавање Open Space / chill зона и скејт-парк, бесплатен интернет на повеќе јавни локации, како и активности за поттикнување на младинскиот активизам преку младински НВО-саем и поддршка на street art уметници.

„Ќе обезбедиме стипендии за талентирани ученици и спортисти, промоција на иновации и поттик за млади уметници, како и стипендии за првенците на генерација. Ќе воведеме и субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети,“ најави Тренчевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово приведен додека крадел од угостителски објект

Таа истакна дека дел од плановите опфаќаат и организирање натпревари меѓу општинските училишта, како и збогатување на културната програма со фестивали, секции, концерти и креативни работилници.

„Како што можевте да слушнете, ние – Движењето ЗНАМ, имаме зацртано мноштво конкретни проекти со кои ќе докажеме дека сме вистински партнер на младите и студентите. Денес, повеќе од кога било, веруваме дека иднината на нашата заедница се гради со младинска енергија, идеи и посветеност,“ истакна Тренчевска.

„Ние не сакаме младите да заминуваат, сакаме да останат, да создаваат и да сонуваат дека можат да го променат светот токму овде. Затоа ја градиме општината како отворено место за нивните визии. Ние сме Општина што верува во младите, затоа што тие се нашата најголема сила!“ – порача таа.

Никола Ивановски