Започнува Џез фестивал Куманово, со љубов и почит за Филип и Кочани

Сподели со своите пријатели

Два хуманитарни вечера исполнети со музика, емоции, уметност и хуманост носи годинешното издание на Џез фестивал Куманово кој започнува утре.

Фестивалот ќе трае два дена и годинава носи мото „Музика за Филип – Поддршка за Кочани“.

Првата фестивалска вечер е утре и ќе биде посветена во чест на Филип Стевановски, музичарот и уметник од Куманово, еден од иницијаторите за возобновување на овој фествал, кој страдаше во трагедијата во Кочани.

Голем и извонреден уметник, врвен тромбонист, пијанист, композитор, аранжер, продуцент и професор.

– Неговиот звук остана да живее и да не обединува. Неговите колеги и пријатели ќе ја изведат неговата авторска музика. Во оваа вечер ќе биде промовирана неговата монографија и снимениот краткометражен документарен филм. Монографијата и филмот зборуваат за Филип како вечен спомен за делата што ги остави зад себе. Таа вечер ќе биде вечер исполнета со љубов, емоции и искрена почит, велат од организацискиот тим на фестивалот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Алексеј од Куманово го освои турнирот за тенисери до 16 години

 

 

Втората вечер, на 15 октомври, настап ќе имаат три џез музички состави и тоа: FISH IN OIL (Република Србија), 3D PROJECT (Република Македонија), OLIVER DUEV TRIO (Република Македонија).

Двете вечери имаат една заедничка мисија: Поддршка и хуманост за семејствата на починатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Двете фестивалските вечери ќе се оддржат во Занаетчиски Дом Куманово со почеток 20 часот.

Фестивалот од наредната година ќе биде преименуван во Џез фестивал „Филип Стевановски“ Куманово.

Никола Ивановски