Три четвртини гостите од Маџари имаа предност, во одредени моменти и двоцифрена, изразена со 16.поени… Но во последната, потклекнаа, искусниот домашен состав тоа знаеше да го казни, да направи пресврт и да победи.
Дебитантот во Супер лигата не делуваше воопшто така на второто по ред гостување, вечерва во Куманово.
Покажа новиот тим на Маџари дека е кадарен да се носи со екипи од рангот на МКК Куманово во која има репрезенттивни имиња, но и неколку искусни, странски кошаркари.
Доказ плус за тоа беше играта на гостинската екипа во првото полувреме во кое оствари и високо водство, од 14.поени (46:32).
По тројката на Лафајет, некаде во 24.минута од мечот, Маџари се стекна и со поголема позитива (54:38).
Тој минус од 16 поени, ги натера домашните кошаркари да заиграат многу поангажирано, ос бено во фазата на нападот. Направија „сино-белите“ серија од (9-0) со која се доближија на (47:54) во тој средишен дел од третата четвртина.
Но Маџари успеа да го сопре тој налет на противникот, до крајот на третиот период задржаа гостите добар дел од предност, имаа плус 8 (62:54).
без нови резултатски „потреси“ се играше во првите три минути од последната четвртина, кога Маџари водеше со (69:62).
Но во оние седум кои останаа за игра, гостите дадоа само седум поени. На другата страна, МКК Куманово го пронајде оној ритам кој го бараше цели три четвртини-победнички за нив.
Парцијално гледнао, момците на тренерот Марин Докузовски направија (20-7) со кои го свртеа резултатот во своја полза, за втор триумф од почетокот на Суперлигата.
Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски