Кумановец со остар предмет се заканувал на сопругата, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишник од Куманово бил приведен вчера по пријава дека со остар предмет се заканувал кон неговата сопруга.

– На 05.10.2025 во 11:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што со остар предмет се заканувал кон неговата сопруга и оштетил предмети во домот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата