МКК Куманово утре ја почнува сезоната. Прв противник Чаир.

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на МКК Куманово утре од 19 часот го играат првиот меч оваа сезона против тимот на Чаир од Скопје во рамките на Првата машка лига.

Управата официјално не се изјаснила за составот или плановите за претстојната сезона, но од објавите на социјалните мрежи, се очекува и годинава во ростерот да останат Марјан Јанески, Урош Луковиќ, Филип Стојановски, Лука Димитриевски и Ѓорѓи Георгиевски, како и Максим Митевски кој е ново засилување.

На тренерската позиција останува искусниот Марин Докузовски.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саем на автохтони сорти везенка утре во Пчиња