Затвореник пуштен на отсуство уапсен со 14 кутии бупренорфин во кумановско

Сподели со своите пријатели

Четиринасет кутии бупренорфин, лек кој се користи за третман на зависност од опоиди, биле откриени на патниот правец Куманово – Свети Николе.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи, приведени се две лица, а кај едно од нив, затвореник, пуштен на отсуство, биле пронајдени таблетите.

– На 02.10.2025 во с.Скачковце, кумановско, полициски службеници ги лишија од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе. При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Ј.С., а сопатник бил М.М., кај М.М. се пронајдени и одземени  14 кутии или 392 таблети бупренорфин, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  22 литри дожд паднаа во Куманово: Какво време носи викендот?

Како што додаваат од полицијата, при преземање мерки утврдено е дека М.М. издржувал затворска казна во Казнено – поправната установа Затвор Штип и дента бил пуштен на седумчасовно отсуство.

– По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски