Нов обид за измама со лажна сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Не запираат измамите со наводни лажни сообраќајки, а овој пат мета на измамниците биле повозрасни маж и жена од Куманово.

– На 01.10.2025 во СВР Куманово, 90-годишна кумановка и 77-годишник од Куманово пријавија дека едно лице се обидело да ги измами, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето им се јавило на телефон и им кажало дека наводно членови од нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои прегазиле дете и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат во затвор.

Како што е пријавено, тие се посомневале во точноста на информацијата и пријавиле во полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетничка од Куманово со тешки повреди пронајдена под железнички мост

– Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Никола Ивановски