Сите основни и средни училишта, како и градинките на грчкиот остров Закинтос, денес беа затворени со одлука на локалните власти поради бурата што го погоди западниот дел од земјата.
Напливот на лошо време започна синоќа, бидејќи силни бури ги погодија островите, а предупредување до населението да биде особено внимателно беше испратено и во Ахаја, Илија и Месинија.
Поради лошото време, на север од Крф, автомобилот што превезувал британско семејство се заглавил во калта на ридот, а противпожарната служба морала да интервенира за да ги транспортира на безбедно место на главниот пат, објавува „Катимерини“.
Двојката и нивното дете се во добра здравствена состојба.
Се очекува денес и утре овие временски услови да се прошират на цела Грција, носејќи обилни врнежи од дожд, локален град, силен ветер и пад на температурата, според грчкиот портал, како што објави Танјуг.
Општините и надлежните органи се поканети да останат во оперативна готовност по состанокот на Одборот за проценка на ризикот од лошо време.
Генералниот секретаријат за цивилна заштита препорачува граѓаните да бидат особено внимателни и да преземат мерки за самозаштита од опасностите што произлегуваат од појава на тешки временски услови.