Украина: Четиричлено семејство загина во руски напад врз Суми

Сподели со своите пријатели

Четиричлено семејство е убиено во руски напад со беспилотно летало во Сумскиот регион на северот од Украина, изјави утрово началникот на регионалната воена администрација, Олег Григоров.

„Непријателот со беспилотно летало нападна станбена зграда во селото Чернешчина, во населбата Краснопоље“, напиша Григоров на Телеграм.

Тој изјави дека „спасувачите извлекле тела на четири лица, родители и две момчиња на возраст од четири и шест години од урнатините“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите уапсија новинарка, тврдат дека пред две години ширела лаги за војската (ВИДЕО)