Кина го осуди поранешниот министер на смрт поради корупција

Сподели со своите пријатели

Во оваа земја, корупцијата е казнива со смрт. Ваква пресуда му беше изречена на поранешниот министер за земјоделство, кој си обезбедил повеќе од 30 милиони долари бенефиции за себе за време на неговиот мандат.

Според судското соопштение во градот Чангчун во североисточната кинеска покраина Џилин, поранешниот министер за земјоделство Танг Ренџијан примил мито во форма на пари и имот со вкупна вредност од повеќе од 268 милиони кинески јуани, што е малку повеќе од 32 милиони евра, помеѓу 2007 и 2024 година.

Неговите постапки предизвикале особено сериозни загуби за интересите на државата и народот, според образложението на казната со која Танг бил осуден на смрт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За неколку месеци, Иран егзекутираше голем број лица обвинети за шпионажа за Израел

Поранешниот министер наводно се изјаснил за виновен и изразил жалење, а извршувањето на казната било одложено за две години.

Осудата е најновата во низата истраги за корупција што ги спроведоа кинеските власти во последните години под водство на лидерот Си Џинпинг.

Двајца поранешни министри за одбрана, Веи Фенгхе и Ли Шангфу, се исто така под истрага, а наводно е под истрага и сегашниот министер за одбрана, Донг Џун.