Медведев ја предупредува Европа за нуклеарна опасност од војна со Русија

Сподели со своите пријатели

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во понеделник изјави дека Европа не може да си дозволи војна против Русија, но дека ако нејзините лидери направат грешка и ја испровоцираат, тоа би можело да ескалира во конфликт со оружје за масовно уништување.

На Русија, рече Медведев на Телеграм, не ѝ е потребна таква војна, вклучително и со „ледено старата Европа“, објави Ројтерс.

„Тие едноставно не можат да си дозволат војна со Русија“, рече Медведев за европските сили, додавајќи дека „секогаш постои можност за фатален инцидент“.

„А таков конфликт носи апсолутно реален ризик од ескалација во војна со употреба на оружје за масовно уништување“, рече Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доаѓаат ледени температури: Балканот и Централна Европа на удар