Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 19 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме исто така претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 18 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме претежно облачно време со сосема кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени, додека максималната дневна ќе достигне 16 степени целзиусови.
Ноќта кон четврток ќе имаме врнежи од дожд.
Дождливото време ќе продолжи во четврток кога ќе имаме и поголемо заладување. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 5 до максимални 9 степени цезлиусови.
Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и севрозападен правец. Темпратурата во утринските часови ќе се движи околу петиот степен, а дневниот максимум ќе се искачи до седум степени целзиусови.
Во сабота ќе имаме облачно време со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу четвртиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови.
Недела носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од исток, а температурите ќе се движат во интервал од минимални 5 до максимални 19 степени целзиусови.
Следната работна недела носи благ пораст на температурите кои ќе се искачат и над 20 степени.
Никола Ивановски