Британија воведува дигитални лични карти, ја отежнува нелегалната работа

Сподели со своите пријатели

Британската влада денес објави дека ќе воведе дигитални лични карти за своите граѓани и жителите на Велика Британија, нагласувајќи дека целта е борба против нелегалната работа.

Дигиталните лични карти, кои нема да имаат физичка верзија, туку ќе бидат регистрирани во мобилните телефони, „ќе ја отежнат нелегалната работа во земјата, а исто така ќе им понудат на граѓаните бројни предности како што е можноста за докажување на идентитетот за брз пристап до потребните услуги“, напиша во соопштение премиерот од Лабуристичката партија, Кир Стармер.

Министерката за култура, Лиза Нанди, изјави дека сите британски граѓани ќе мора да имаат дигитална лична карта и дека таа ќе биде задолжителна за луѓето кои сакаат да работат во земјата, објави Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обдукциите во Непал откриваат употреба на боева муниција против демонстрантите