Западноафриканските земји Мали, Буркина Фасо и Нигер објавија во заедничка изјава дека се повлекуваат од Меѓународниот кривичен суд (МКС), нарекувајќи го „инструмент на неоколонијална угнетување“.
Мали, Буркина Фасо и Нигер се членки на МКС во Хаг повеќе од две децении, но во соопштението велат дека веруваат дека судот не е способен да ги гони воените злосторства, злосторствата против човештвото, агресијата и геноцидот, иако не дадоа конкретни примери, објави Ројтерс.
Овој потег е најновиот во низата дипломатски промени во регионот Сахел, каде што се случија осум државни удари помеѓу 2020 и 2023 година.
Трите земји, управувани од воени режими, претходно се повлекоа од Економската заедница на Западна Африка (ECOWAS) и го формираа Сојузот на државите од Сахел.
Овие три земји се соочуваат со вооружени исламистички групи кои контролираат големи територии.
Организациите за човекови права, како што е Human Rights Watch, ги обвинуваат и милитантите и армиите на Буркина Фасо и Мали и нивните партнери за можни воени злосторства.