Лутите пиперки лечат чир на желудник и уште 10 други болести

Сподели со своите пријатели

Колку луто можете да јадете? освен што го подобрува вкусот, лутите пиперки лечат и болести кои лековите тепшко ги доведуваат во ред.

Чили, каенски бибер и фефеорнките се лути пиперки од семејството Capsicum. Популарни се благодарение на своите лути вкусови кои се неизоставен дел од многу јадења и сосови.

Својот лут вкус пиперките ги должат на посебна состојка која се нарекува кансаицин. Што повеќе капсаицин содржи, тоа е полута пиперката. Во поголеми количини капсаицинот пече на усните, јазикот и грлото, а тера и на плач. Големиот љубител на лутите пиперкасти јадења се Индијците, Виетнамците, Макесиканците и Унгарците.

Поголемиот дел од луѓето сепак сакаат умерено лут вкус кој ја подобрува храната и го стимулира варењето. И не само тоа – чилито пружа бројни бенефиции за здравјето.

Зошто лутите пиперки се здрави?

Loading...

Капсаицинот на пиперките не им дава сао лутина, туку и посебни лековити својства поради кои може да се вбројат меѓу најздравите намирници во светот.

Делуваат антивоспалително: Благодарение на капсаицинот, чилито има антивоспалителни својства. Капсаицинот силно ја блокира супстанцата П, која е поврзана со воспалата на процесите во организмот. редовното внесување на чили може да послужи каок одлична превенција од артритис.

Спречува болка: најново истражување потврдува дека читито делотворно ги намалува болката предизвиката од артритис, псоријаза и дијабетички неуропатиум.

Го потикнува здравјето на кардиоваскуларниот систем: Се покажало дека лутите пиперки го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди во крвта и спречуваат појава назгрутчување на крвта. Културите кои широко го применуваат чилито во исхраната имаат помал процент на срцеви заболувања, мозочни удари и појава на тромбоза.

Го подобрува варењето: Според ајуверда, лутиот вкус го стимулира апетитот и го подобрува варењето. храната која добро се вари му дава на организмот неопходни нитрати и енергија, додека онаа која не се вари добро предизвикува киселини. Поради тоа, според ајуверда, доброто варење е клуч за нашето здравје.

Го хранат нашиот имунитет: Силната црвена боја на чили пиперките сведочи за високиот процент на бета-каротен, или про-витамин А. Само неколку лажички чили дневно му дава на телото екстра доза на витамит Ц и А кои се потреби за превенција од инфекции.
Спречуваат рак на простата: Истражувањата на ракот на простата покажале дека пасаицинот делува каок вистински убиец на клетките на канцерот. По четири недели терапија со капсаицин, кај поголемиот дел од животните бил спречен растот на клетките на ракот на простата, а големината на туморот била значително намалена. За превенција од рак на простата се препорачува околу 400 милиграми капсаицин три пати неделно.
Потикнуваат слабеење: Лутиот вкус кој го имаат чили пиперките ја зголемуваат термогенезата – стварање топлина во организмот. Процесот на термогенеза бара поголема подтрошувачка на дополнителни калории што резултира со губење на масните наслаги.
Сречуваат чир на желудник: Долго време погрешно се сметало дека внесување на лута храна предизвикува чир на желудник. Денес е потврдено дека лутите пиперки не само што не предизвикуваат чиреви, туку ги спречуваат затоа што ги убиваат штетните бактерии и стимулираат стварање заштитени желудечни сокови.
Помагаат при дијабетес тип 2: Редовното внесување на чили може да спречи дијабетес од тип 2. Студијата објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ зборува за тоа дека редовното внесување на чили ја намалува потребата на организмот за лачење инсулин со кој се смалува нивото на шеќер во крвта по оброците.
Каков вид на пиперки да се користи?
Лутината на пиперките зависи од нивниот вид. Меѓутоа, дури во границите на еден вид лутината може да се разликува од пиперка до пиперка.
Лутината на пиперката се мери според посебна скала, при што се користат Сколиови единици:
Слатка пиперка – 0 единици
pepperoncini – 100 до 500 единици
pasilla – 1.500 до 2.500 единици
jalapeno- 2.500 до 5.000 единици
wax – 5.000 до 10.000 единици
vserrano- 10.000 до 23.000 единици
каенска пиперка, табаско, гунтур чили – 30.000 до 50.000 единици
црвена сабина хабанера – 360.000 – 500.000 единици
нага випер, инфитинити чили – 855.00 до 1.500.000 единици.

Едноставен начин лутата пиперка да ја додадете во вашето мени
Многу едноставен начин да додадете лут вкус во вашето секојдневно мени е со јадењето да користите свежи или закиселени лути феферони или готови чили сосови. Можете да користите и чили во прав, посипувајќи со него врз јадењата.

Која количина на лута пиперка да внесувате?

Внесувањето на лутите пиперки зависи од количината на напсаицинот кој таа содржи – што се гледа во нејзината лутина. иако е лута пиперка доста лековита, не претерувајте. како и во се, во конзумирањето на лутиот вкус е потребна златна средина. Ајуверда зборува за тоа дека прекумерното внесување на лутиот сос може да има негативни здравствени последици.

Обично доволно е да внесувате една до две лажички лута пиперка на ден.