Седумдесет и двегодишен М.Д. од селото Луке, Крива Паланка заработи кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено на 12.08.2016 година околу 08.00 часот на м.в. „Тодорин камен“, атар на селото Луке, пријавениот, заедно со лицето Б.С. од Скопје, отишле со секири со намера да ги исечат водоводните црева кои што поминувале низ нивните имоти, а воделе кон куќата на друго семејство и се нивна сопственост.
Кога пристигнале на местото на настанот започнале да ги сечат цревата, но во тој момент наишла М.Н. и им рекла да не го сечат цревото затоа што машината и била вклучена, да почекале да испере па после да сечат. На тоа пријавениот М.Д. и рекол дека и неа ќе ја исече како цревото, по што со секирчето ја удрил во пределот на главата и и нанел телесна повреда од која паднала на земја во безсознание.
Пријавениот и Б.С. после тоа си заминале.