Полуостровот Света Гора во Грција рано утрово беше погоден од четири земјотреси, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот е регистриран во Егејското Море, на длабочина од околу пет километри, приближно 10 километри јужно од манастирот Хиландар.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, а не е издадено ни предупредување за цунами.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресите биле силно почувствувани во Неа Рода, на островот Амулани, како и во Сарти.