Димитриевски на средба со лауреатот Весна Петрушевска (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на 28 издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија”, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, имаше средба со македонската актерка Весна Петрушевска, лауреат на овогодинешниот фестивал, претставникот од Театар Куманово и член на Советот на фестивалот, Сефедин Шабани, директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, Сашо Тодоровски и претставникот од општинската администрација, раководителот Александар Крстевски.

 

 

Актерката ќе ја добие наградата „Васил Иљоски”, за 2025 година, за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата.

Љубителите на овој вид уметничка експресија, ќе имаат можност да проследат 11 претстави од домашна и странска продукција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведена кумановка барана со централна потерница

 

 

Манифестацијата ќе се реализира со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.