Зошто би требало секојдневно да јадеме јаткасти плодови? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јаткастите плодови се запоставени од многумина, но не треба да бидат. Имено, сите тие се полни со здрави масти, протеини, влакна и секое јаткасто овошје има свој нутритивен профил.

 

 

Ви недостига витамин Е, јадете бадеми. Ви требаат повеќе омега 3 масни киселини, јадете јаткасти плодови, треба да ги смирите нервите? Јадете неколку индиски ореви кои се преполни со магнезиум кој го смирува нервниот систем.

Можете да ги ставите во салати, супи, смути, јогурт или сами да ги грицкате. Исто така, можете да ги јадете секој ден, особено поради овие пет придобивки што му ги нудат на телото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е штетно ако пиеме вода додека јадеме?

Во последниве години, истражувачите успеале да го поврзат расположението, поконкретно депресијата, со храната.

Една студија се фокусираше токму на тоа. Учесниците морале да јадат две до три лажици јаткасти плодови дневно. Се покажало подобрување во однос на симптомите на депресија.

Постојат многу причини зошто јаткастите плодови можат да влијаат на расположението. Двете главни се профилот на аминокиселините во јаткастите плодови, кој носи многу придобивки за мозокот и омега-3 масните киселини, кои имаат невропротективно дејство.

Секако, јаткастите плодови не можат да ја заменат пропишаната терапија, таа треба да продолжи да се зема.

Потрошувачката на јаткасто овошје е поврзана со пониски маркери на воспаление. Бадемите се богати со витамин Е и во една порција задоволуваат 47% од дневните потреби за оваа хранлива материја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да го намалите внесот на шеќери во организмот?

Витаминот Е делува како антиоксиданс и ги штити клетките од оксидативен стрес, кој помага во ублажување на воспалението.

Јаткастите плодови се богати со полинезаситени масти, а особено се богати со омега-3 масни киселини.

Еден начин да ги намалите триглицеридите кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања е да го зголемите внесот на омега-3 масни киселини. Исто така, го намалуваат лошиот и го зголемуваат добриот холестерол.

На нивото на шеќер во крвта влијаат протеините, мастите, влакната и јаглехидратите. Ако изедете сочно јаболко сами како ужина, веројатно за половина час ќе бидете гладни и ќе копнеете за шеќер, а можеби и ќе почувствувате слабост.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да го намалите внесот на шеќери во организмот?

Тоа е затоа што јаболката се главно јаглени хидрати кои нагло го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а потоа тој нагло опаѓа.

Но, ако комбинирате јаткасти плодови со јаболкото, тие разлики во нивото на шеќер во крвта ќе бидат многу помали.