Луксембург има намера да ја признае Палестина

Сподели со своите пријатели

Луксембург има намера да ја признае државата Палестина, изјавија премиерот Лук Фриден и министерот за надворешни работи Ксавиер Бетел пред парламентарниот комитет.

Според локалните медиуми, конечната одлука за признавање се очекува да биде донесена подоцна овој месец на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во координација со неколку други земји, вклучувајќи ги Франција и Белгија, објавува Политико.

Објавата од понеделник доаѓа по месеци неподготвеност од страна на владата на Луксембург и во услови на растечки повици од европските лидери за прекин на израелската војна во Газа, започната по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Албанезе: Израел го прави Газа невозможно место за живеење

Минатата недела, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, објави дека извршната власт на ЕУ ќе заземе построг став кон Израел во врска со војната, суспендирајќи ги исплатите кон земјата и санкционирајќи ги она што таа ги нарече „екстремистички министри“ и насилни доселеници.

Во петокот, Генералното собрание на ОН гласаше за усвојување на декларација што содржи „опипливи, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение за две држави во регионот, пред состанокот на телото на 22 септември, според бриселскиот портал.