Израелската армија започна копнена инвазија на Газа

Сподели со своите пријатели

Бројни палестински и израелски медиуми објавија за тоа како израелската армија започнала жестоки напади врз градот Газа како дел од инвазијата на тој палестински град.

Бројни жители им кажаа на медиумите дека израелската армија го бомбардирала подрачјето од воздух, но и дека тенкови влегуваат во градот.

„Има силно, немилосрдно бомбардирање на градот Газа. Опасноста постојано се зголемува. Жителите се заробени под урнатините, ги слушаме нивните крици“, рече Ахмед, 25-годишен жител на градот.

Извештаите од израелската армија укажуваат дека армијата започнала копнена офанзива за преземање на градот.

Во последните денови, израелската армија постепено ги прошири своите воздушни напади во и околу градот, но не испрати копнени трупи во густо населениот северен град, каде што живеат стотици илјади Палестинци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  16 бродови од флотилата „Сумуд“ испловија од туниските пристаништа кон Газа

Нападите врз градот ги потврди и израелскиот министер за одбрана Израел Кац, кој не штедеше зборови за агресијата извршена од армијата на неговата земја.

„Градот Газа гори. Израелската армија ја удира терористичката инфраструктура со железна тупаница. Нема да попуштиме и нема да се откажеме додека мисијата не биде завршена“, рече тој.