Суми нападнат од руски дронови, дел од градот без струја

Сподели со своите пријатели

Суми, град на североистокот на Украина беше нападнат од руски беспилотни летала, поради што дел од градот привремено остана без електрична енергија.

Шефот на Сумиската област, Олег Григоров, на својот Телеграм канал изјави дека во текот на ноќта се регистрирани два напада, но дека во него не се погодени станбени области и нема жртви, објави Укринформ.

Поради нападот, дошло до привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија, а енергетските екипи се на терен и работат на враќање на електричната енергија.

Во меѓувреме, во нападите врз Запорожје во текот на ноќта, едно лице е убиено, јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали влегувањето на НАТО во војна е неизбежно?