САД во ОН: Ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави му соопштија на Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот дека ќе „го бранат секој сантиметар од територијата на НАТО“ по упадот на руските беспилотни летала во Полска во среда вечерта.

Алармантно нарушување на воздушниот простор

Соединетите Американски Држави се со нашите сојузници во НАТО во услови на овие алармантни нарушувања на воздушниот простор, изјави вршителката на должноста амбасадорка на САД во ОН Дороти Шеа пред 15-членото тело.

Овие изјави се чини дека имаат за цел да ги смират сојузниците на Америка во НАТО откако американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека наводниот упад на руски беспилотни летала во Полска можеби бил грешка, пишува Ројтерс.

Шеа, исто така, истакна дека Русија ја засилила својата кампања за бомбардирање против Украина откако Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, како дел од неговите напори да посредува во ставањето крај на повеќе од тригодишната војна на Москва во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вечераше со катарскиот премиер. Тој е сè понезадоволен од Нетанјаху

 

 

Непочитување кон САД

„Овие дејствија, сега заедно со нарушувањето на воздушниот простор на американски сојузник – без разлика дали се намерни или не – покажуваат огромно непочитување кон добронамерните напори на Соединетите Американски Држави да го прекинат овој конфликт“, рече Шеа.

Полска во средата собори беспилотни летала во својот воздушен простор со поддршка на авиони од своите сојузници во НАТО, што е прв пат членка на западната воена алијанса да пука за време на војната на Русија во Украина.

– Знаеме, и повторувам, знаеме дека тоа не беше грешка, изјави полскиот државен секретар Марчин Босацки пред Советот. Тој покажа фотографии од соборениот дрон, на кои се гледаат руски натписи на деловите од дронот. „Полска нема да биде заплашена“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија во ОН негираше дека нејзини дронови ја нападнале Полска: „Физички е невозможно“

Амбасадорот на Словенија во ОН, Самуел Жбогар, исто така се обиде да ја побие сугестијата дека упадот со беспилотни летала можеби бил грешка, велејќи му на Советот дека „тешко е да се замисли дека толку многу беспилотни летала ненамерно прелетале толку длабоко над полска територија“.

 

 

Русија: Немало одредени цели на полска територија

Русија изјави дека нејзините сили ја напаѓале Украина во времето на упадот со беспилотни летала и дека немала намера да погоди цели во Полска.

– Немало одредени цели на полска територија, изјави пред Советот рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајвански министер во САД предупредува: Кина се подготвува за војна!

„Максималниот дострел на беспилотните летала што се користеа во овој напад не надминуваше 700 километри, што го прави физички невозможно да стигнат до полска територија.“

Тој рече дека Москва е подготвена да разговара со Полска „доколку полската страна е навистина заинтересирана за намалување на тензиите, а не за нивно поттикнување“.

 

 

Изјавата беше поддржана од 43 земји

САД, исто така, им се придружија на западните сојузници во заедничка изјава во петокот за да изразат загриженост поради руската инвазија со беспилотни летала и да ја обвинат Москва за кршење на меѓународното право и основачката Повелба на ОН.

Изјавата, која Босацки ја прочита пред состанокот на Советот за безбедност, исто така ја повика Русија да ја запре „својата агресија против Украина“ и да се воздржи од понатамошни провокации.

Заедничката изјава беше поддржана од 43 земји.