Стојчевски: Очекуваме на 19-ти октомври убедлива победа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Убедлива победа очекуваат во Куманово од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на претстојните локални избори.

Како што истакна денеска Даниел Стојчевски, претседател на локалниот огранок на партијата, но и шеф на општинскиот изборен штаб, листата на кандидати за советници е со луѓе доакажи во своите области.

– Тоа се луѓе коишто се реализирани во областите во коишто делуваат, млади луѓе. Водевме сметка за полова застапеност, регионална застапеност, ќе бидете изненадени колку млади луѓе има на нашата листа и пред се овие луѓе се мотивирани да работат, творат и да допринесат да Куманово биде поубава и помодерна, односно европска општина, изјави Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово утре го пречекува ЖРК Астибо

 

 

Како што вели, согласно сите анализи и анкети, очекуваат убедлива победа на претстојните локални избори.

– Заедно со поддршката на граѓаните којашто ја добиваме во континуитет и во овие избори мислам дека влегуваме како апсолутни фаворити и очекуваме на 19-ти октомври убедливо победа, рече тој

Никола Ивановски