Јапонија одобри нови санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Јапонската влада денес одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 групи и 14 лица поради тековната војна во Украина.

Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се првите санкции на Јапонија против Русија од јануари, пренесува Кјодо.

„Ја донесовме оваа одлука бидејќи руската инвазија на Украина сè уште е во тек“, изјави портпаролот на јапонската влада, Јошимаса Хајаши, на прес-конференција.

Владата соопшти дека замрзнувањето на средствата се однесува на 47 групи и девет лица во Русија, како и на една група и пет лица во источна и јужна Украина, за кои се верува дека се вклучени во дестабилизацијата на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прв пат нападнато едно од најголемите руски пристаништа за нафта (ВИДЕО)

Замрзнувањето на средствата се однесува и на три групи на други локации.

Јапонија, исто така, воведе забрана за извоз на 11 групи, вклучувајќи ги и оние со седиште во Русија, Кина и Турција.