УХМР најавува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m2) и засилен ветер (над 60 km/h).

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност.

Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишник приведен поради кражба од црква во Куманово