Руски државјанин уапсен на Крим поради шпионажа за Украина

Сподели со своите пријатели

Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес објавија дека привеле руски државјанин под сомнение дека поседува информации за руски воени објекти и локација на системи за воздушна одбрана во корист на Украина.

– Руски државјанин роден во 1981 година, осомничен за предавство, е приведен на територијата на Република Крим. Утврдено е дека жителот на Феодосија бил регрутиран од вработен во Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина со цел да добие оперативни информации за кримскиот правец, објави ФСБ.

Тој е осомничен дека пренесувал фотографии, видеа и електронски датотеки со координати на руски воени објекти, објекти за критична инфраструктура и локација на системи за воздушна одбрана преку мрежата WhatsApp, пренесува ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Полска нема докази дека дронови од руско потекло биле соборени

ФСБ предупреди дека информациите можеле да бидат искористени од Украина за планирање саботажи и лансирање ракетни и артилериски напади против руските вооружени сили.